C.E.S. ACADEMY

Академија Ц.Е.С. е првиот центар за стручно и образование на возрасни во Северна Македонија, кој нуди преквалификација и секаков вид на обуки за личен и професионален развој на возрасните. Организацијата е основана во 2000 година и успешно постои 21 година, како врска помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите и невработените лица. Успешно го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и го подобруваме квалитетот на културниот живот, локално и во регионот, континуирано следејќи го опсегот на промените, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. е акредитирана институција од Министерството за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука и Министерството за заштита на животната средина, за имплементација на висококвалитетни програмски содржини за обука. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С е сертифицирана институција со ISO 9001:2015 и ISO 17100:2015. Нашата мисија е да го подобриме квалитетот на животот, преку промоција и имплементација на концептот на доживотно учење, креирање и имплементација на иновативни програмски содржини, преквалификација и обука во согласност со потребите на пазарот на трудот.